ПРВ.мк
Црна Хроника

Бившата сопруга и нејзините родители го нападнале 30-годишник – случајот пријавен во полиција

Бившата сопруга и нејзините родители го нападнале 30-годишник – случајот пријавен во полиција

Триесетгодишен жител на делчевско село пријавил дека бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга и нејзините родители.

Според информациите од полицискиот билтен, случајот бил пријавен синоќа во 22:45 часот во ОВР Берово.

Триесетгодишникот навел дека бил нападнат од неговата поранешна сопруга Е.Д. (29), како и од нејзините родители, кои се од истото село.

Полицијата презема мерки за целосно документирање на случајот.

По расчистувањето на сите околности, против лицата за кои ќе биде утврдена одговорност ќе следува соодветен поднесок.