ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА НА ПОПОВА ШАПКА: Вработени претепани во познат угостителски објект - еве што се случувало!

ДРАМА НА ПОПОВА ШАПКА: Вработени претепани во познат угостителски објект - еве што се случувало!

Двајца скопјани се лишени од слобода поради сомнение дека физички нападнале двајца вработени во угостителски објект на регионалниот пат Тетово–Попова Шапка.

Според информациите од МВР, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка на 15 август ги лишиле од слобода И.И. (34) и М.И. (29) од Скопје.

Инцидентот се случил истиот ден околу 17:50 часот во угостителскиот објект, каде биле нападнати вработените Г.А. (50) од село Лисец и Б.Ј. (47) од Тетово.

Во нападот 50-годишниот вработен се здобил со тешки телесни повреди, додека 47-годишниот претрпел телесни повреди.

По консултација со јавен обвинител, двајцата приведени се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

На местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Тетово, а полицијата продолжува со расчистување и целосно документирање на случајот.