Вчера во 11:41 часот, на улицата „Рајко Жинзифов“ во Битола, товарно возило „Цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Д.К. од Велес, удрило во 69-годишната Ј.Д. од Битола.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Битола.
На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, а случајот продолжува да се истражува за утврдување на сите околности околу сообраќајната несреќа.