ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија во Кавадарци: 43-годишниот Панче убиен пред очите на бремената партнерка

Трагедија во Кавадарци: 43-годишниот Панче убиен пред очите на бремената партнерка

Утрово Кавадарци беше потресен од веста за убиството на 43-годишниот Панче Т., кое се случи кај казино на улица „Никола Минчев“. Инцидентот се случил во 4:56 часот, кога неколку лица физички го нападнале, а и покрај брзата интервенција на Итната медицинска помош, Панче им подлегна на повредите во 5:15 часот.

Поради сомнение за учество во нападот, полицијата привела тројца кавадарчани: Д.Б. (26), М.Ѓ. (35) и Д.С. (27), кои се задржани во полициска станица. СВР Велес потврди дека се води истрага и дека Јавниот обвинител и полицијата вршат увид на местото на настанот и на надзорните камери на казиното. По целосното документирање на случајот, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Овој трагичен настан не ги погоди само директните жртви, туку и нивните семејства. Панче наскоро требаше да стане татко, а неговата бремена партнерка, шокирана од веста, беше итно хоспитализирана. Местните жители изразија длабока загриженост за влијанието на коцкањето врз семејствата и за бројните несреќи што се случуваат поради зависноста од комар. Според нив, казината често се причина за семејни конфликти, разводи и финансиски загуби, а децата растат опкружени со реклами за коцкање, што дополнително ја продлабочува зависноста.

Жителите на Кавадарци истакнуваат дека ваквите настани ја покажуваат суровата реалност на зависноста од коцкање и дека семејствата се најголемите жртви. Некои од нив дури се отселиле од Македонија за да ги заштитат своите деца од влијанието на коцкањето и несреќите што го следат.

Овој настан е уште еден трагичен пример за тоа како коцкањето и насилството може да уништат животи, не само на оние кои играат, туку и на нивните блиски, а заедницата продолжува да бара начини да го спречи ширењето на овој порок.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape