ПРВ.мк
Црна Хроника

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Вршел физичко малтретирање врз неа и нивните деца и ја терал да прави ужасни работи!

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Вршел физичко малтретирање врз неа и нивните деца и ја терал да прави ужасни работи!

Полицијата во Гостивар привела 45-годишен маж по пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, а случајот добил дополнителна тежина откако жената пријавила дека, според нејзините наводи, подолг период била изложена на различни форми на насилство.

На 16 август, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Т. (45) од Гостивар. По претходната пријава за физички напад врз неговата сопруга, кај него било измерено присуство на 1,01 промил алкохол во крвта.

Во текот на вечерта, сопругата дополнително пријавила дека, според нејзините наводи, И.Т. во подолг период и под дејство на алкохол ја принудувал на сексуални односи, како и дека вршел психичко и физичко малтретирање врз неа и нивните деца.

По пријавата, во 23:55 часот бил извршен претрес во домот на осомничениот, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривично дело.

И.Т. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.