ПРВ.мк
Црна Хроника

Крипто-милионер убиен – завршил во контејнер

Крипто-милионер  убиен – завршил во контејнер
Kristal

Рускиот крипто-милионер Роман Новак и неговата сопруга Ана трагично го загубиле животот во Обединетите Арапски Емирати, во брутално убиство кое го потресе целиот регион. Според информациите, двојката била намамена на лажен деловен состанок, кој се претворил во киднапирање и обид за изнуда на средства од криптовалути.

Новак, кој претходно бил осуден за финансиска измама во Русија, се преселил во Дубаи каде што ја основал новата апликација Fintopio, преку која повторно собрал милионски инвестиции. На 2 октомври, тој и сопругата тргнале кон Хата, наводно на средба со инвеститори, но откако го отпуштиле возачот – исчезнале.

Неколку дена подоцна, нивните тела биле пронајдени масакрирани и расчленети во контејнери во близина на трговски центар. Според истрагата, киднаперите се обиделе да го натераат Новак да им ги предаде крипто-паричниците со милионски износи, но кога не успеале – двојката била ликвидирана.

Седум лица, меѓу кои државјани на Русија и Казахстан, се уапсени во Дубаи и Санкт Петербург под сомнение за убиство и финансиски криминал.

Случајот предизвика огромен одѕив во медиумите, бидејќи Новак беше познат во крипто-заедницата како контроверзен, но влијателен лик со мрежа од инвеститори ширум светот.

Escape