ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија во Охридско Езеро: Пронајдено телото на исчезнатиот бугарски нуркач кај Трпејца

Трагедија во Охридско Езеро: Пронајдено телото на исчезнатиот бугарски нуркач кај Трпејца
Escape

Попладнево, во близина на селото Трпејца, беше пронајдено телото на нуркач кој исчезна претходно во текот на денот во водите на Охридското Езеро. Според првичните информации од очевидци, телото било облечено во комплетна нуркачка опрема, вклучувајќи нуркачко одело и целосна техничка опрема.

Станува збор за 52-годишен државјанин на Бугарија кој, според податоците, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри, над селото Трпејца. Несреќата се случила околу 13:15 часот, а во потрагата биле вклучени тимови од Езерската полиција, екипи на Црвениот крст и нуркачи од клубот „Амфора“.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека телото било извлечено од голема длабочина. Причините за трагичниот инцидент засега остануваат непознати, а истрагата е во тек.

Mia Home Mavrovo