ПРВ.мк
Црна Хроника

Филмска брканица кај Скопје: Возач удри во дрво и побегна, зад себе остави шокантно откритие!

Филмска брканица кај Скопје: Возач удри во дрво и побегна, зад себе остави шокантно откритие!

Вистинска полициска потера се одвивала на автопатот од Градско кон Скопје, откако возач на патнички „мерцедес“ не застанал на полициски знак за запирање, а подоцна предизвикал сообраќајна несреќа и побегнал.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 17 јуни околу 19:47 часот, кога полицијата добила информација за сомнително возило кое се движело со регистарски таблички што припаѓале на друго возило.

Наместо да застане, возачот продолжил да бега, а кај клучката Миладиновци свртел назад и се упатил по земјен пат во атарот на селото Блаце, во Општина Петровец. Во текот на бегството изгубил контрола над возилото и удрил во дрво, по што веднаш го напуштил местото и избегал.

При прегледот на возилото, полициските службеници пронашле 12 мигранти. Од нив, пет биле државјани на Египет, а седум потекнувале од Турција.

Мигрантите биле обезбедени и пренесени во Транзитниот центар Табановце, додека полицијата презема интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.