ПРВ.мк
Црна Хроника

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ: Ја внел во автомобил и ја однел дома - „Ќе јадеме сладолед кај мене“ , 13-годишно девојче раскажува шокантни детали

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ: Ја внел во автомобил и ја однел дома -  „Ќе јадеме сладолед кај мене“ , 13-годишно девојче раскажува шокантни детали

Полицијата во Лесковац уапси 64-годишен маж под сомнение дека извршил кривично дело полово вознемирување врз 13-годишно девојче, пренесуваат српските медиуми.

Според информациите од истрагата, девојчето излегло само до продавница, кога осомничениот наводно го запрел, го внел во својот автомобил и го однел во својот дом. Според изјавата на мајката, мажот ѝ рекол дека ќе одат кај него дома „да јадат сладолед“.

Во моментот кога осомничениот отворил фрижидер за да земе сладолед, девојчето ја искористило можноста да избега. Според сведочењето на мајката, таа успеала да ја отвори влезната врата и капијата, почнала да вика за помош и истрчала кај блиски роднини, кои веднаш ја известиле полицијата.

За случајот зборувал и сосед, кој тврди дека видел како девојчето било внесено во автомобилот, но не знае што се случувало потоа.

Од лесковачката полиција соопштија дека на осомничениот му е одредена мерка задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство.

Истрагата е во тек и треба да утврди што точно се случило, како и дали покрај сомнението за полово вознемирување постојат елементи и за други кривични дела. Надлежното обвинителство ќе одлучи за понатамошните мерки по завршувањето на првичната истрага.