ПРВ.мк
Црна Хроника

АВТОМОБИЛ СЕ ЗАПАЛИ ВО ДВИЖЕЊЕ – Драматични сцени на улица

АВТОМОБИЛ СЕ ЗАПАЛИ ВО ДВИЖЕЊЕ – Драматични сцени на улица

Автомобил се запалил за време на возење во Смедеревска Паланка, а пламенот за кратко време целосно го зафатил возилото.

Инцидентот се случил во Француската улица, а на фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се види дека автомобилот е целосно уништен и од него останала само изгорена конструкција.

Според првичните информации што ги пренесуваат српските медиуми, во пожарот нема повредени лица.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот и под кои околности возилото се запалило додека било во движење.

Надлежните треба дополнително да ја утврдат точната причина за инцидентот.