ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО РЕГИОНОТ – Бомба фрлена во двор на познат бизнисмен

ДРАМА ВО РЕГИОНОТ – Бомба фрлена во двор на познат бизнисмен

Голема полициска акција е во тек на Бежаниска Коса во Белград, откако во двор на семејна куќа на локален бизнисмен била пронајдена експлозивна направа која не експлодирала.

Според првичните информации што ги пренесуваат српските медиуми, засега непознато лице ја фрлило бомбата во дворот, а полицијата работи на утврдување на сторителот и мотивите за инцидентот.

Сопственикот на куќата во моментот не бил во Белград, но во објектот се наоѓале членови на неговото семејство.

Случајот дополнително привлекува внимание бидејќи, според неофицијалните информации, истиот бизнисмен бил цел на сличен инцидент и кон крајот на јуни, кога во неговиот двор исто така била фрлена експлозивна направа.

На местото се распоредени поголем број полициски службеници, а поширокиот простор околу куќата е обезбеден со заштитни ленти.

Вклучена е и контрадиверзиона екипа на српското МВР, чии експерти ја прегледуваат и обезбедуваат направата со цел таа безбедно да биде отстранета или неутрализирана.

Истрагата за случајот продолжува, а засега нема официјални информации кој стои зад инцидентот.