Полицијата во Делчево привела 40-годишен маж од Делчевско, откако било пријавено дека во семејниот дом повеќепати физички ја нападнал и ѝ се заканувал на својата 59-годишна мајка.
Според пријавеното, во текот на вчерашниот ден А.З.(40) агресивно се однесувал кон мајка си, а во еден момент ја заклучил и во соба.
По пријавата интервенирале полициски службеници, кои при преземањето мерки констатирале дека мажот бил под дејство на алкохол.
Кај него биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта.
А.З. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







