Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против угостителски објект од Охрид и против неговиот сопственик и управител Е.Н., поради сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“.
Според информациите од полицијата, при извршена контрола во угостителски објект на улицата „Партизанска“ било утврдено дека на 14-годишен малолетник од Охрид му бил послужен алкохолен пијалак без претходно да биде побаран документ за идентификација и без да се утврди неговата возраст.
По консумирањето на алкохолот, малолетникот паднал во бессознание, по што итно бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде што му била укажана лекарска помош.
Од СВР Охрид информираат дека против правниот субјект и одговорното лице е поднесена кривична пријава, а случајот ќе биде предмет на понатамошна постапка пред надлежните институции.







