Вработен во обложувалница во центарот на Скопје вечерва бил повреден со нож при обид за грабеж, објави „Скопје1“.
Според првичните информации, инцидентот се случил во објект на подрачјето на општина Центар, каде едно лице наводно се обидело да изврши грабеж.
Во текот на нападот вработениот бил избоден со нож, по што на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош. Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар за понатамошно лекување.
Во реонот има засилено полициско присуство, а полициските екипи го обезбедуваат местото и преземаат мерки за утврдување на сите околности поврзани со нападот.
Засега нема официјални информации за тежината на повредите на вработениот, ниту дали лицето осомничено за нападот е идентификувано или приведено.
Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на полицискиот увид и по официјалното соопштение на надлежните институции.






