ПРВ.мк
Црна Хроника

Шок на судењето: Материјали откриваат детали од кобната ноќ во Кочани!

Шок на судењето: Материјали откриваат детали од кобната ноќ во Кочани!

Во Основниот кривичен суд продолжи постапката за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето моментално е во фаза на изведување материјални докази од страна на обвинителството.

На денешното рочиште беа презентирани визуелни докази, меѓу кои фотографии и видео снимки поврзани со функционирањето на објектот, како од критичната вечер, така и од претходни периоди кога клубот работел.

Обвинителството истакна дека овие материјали се од големо значење за утврдување на условите и безбедносните стандарди во кои објектот функционирал. Според нив, доказите треба да помогнат во разјаснување на сите околности поврзани со начинот на работа на локалот, кој бил регистриран како кабаре.

Во текот на рочиштето, главната расправа накратко била прекината поради влошување на здравствената состојба на едно од лицата на обвинителната клупа, по што била повикана итна медицинска помош и е направена пауза.

Судењето го води судијката Дијана Груевска – Илиевска, а процесот останува под силно внимание на јавноста поради тежината на трагедијата и големиот број жртви.