ПРВ.мк
Црна Хроника

Хорор во кафуле: Му подал рака, а потоа испукал куршум во главата

Хорор во кафуле: Му подал рака, а потоа испукал куршум во главата

Едно лице е убиено, а друго тешко повредено во вооружен напад што попладнево се случил во кафуле во белградската населба Кумодраж. По пукањето, напаѓачот избегал, а српската полиција започна обемна потрага по него.

Според првичните информации, жртвата е 46-годишниот Дарко Весковиќ, познат по прекарот Прика. Во нападот тешко е ранет и 49-годишен маж, кој бил пренесен на лекување.

Српските медиуми објавија дека безбедносните камери го снимиле целиот напад. Според тие информации, напаѓачот влегол во кафулето, а Весковиќ станал да го поздрави. Откако му подал рака, напаѓачот извадил пиштол и од непосредна близина испукал куршум во неговата глава. Потоа отворил оган и кон второто лице кое седело на истата маса, по што избегал.

Во моментот на нападот во локалот имало повеќе гости, но никој друг не бил повреден.

На местото на настанот веднаш пристигнале бројни полициски екипи и форензичари, кои извршиле увид, додека е активирана и полициската акција „Вихор“ за пронаоѓање на сторителот.

Според српските медиуми, Дарко Весковиќ во минатото бил обвинет за убиството на Блаж Ѓуровиќ во 2018 година. По злосторството тогаш бил уапсен во Хрватска по меѓународна потерница.

Истрагата за денешното убиство е во тек, а полицијата работи на утврдување на мотивот и идентификација на напаѓачот.