Полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 29-годишен скопјанец, откако при преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
Како што информира МВР, случајот бил регистриран на 12 август 2026 година околу 23 часот во Скопје, кога бил приведен П.П.(29).
Подоцна, по наредба од Основниот кривичен суд Скопје, полицијата извршила и претрес во домот каде што престојувал 29-годишникот.
При претресот била пронајдена и одземена марихуана.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.








