ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРИВЕДЕН 37-ГОДИШЕН МАЖ И МАЛОЛЕТНА ДЕВОЈКА – МВР со детали

ПРИВЕДЕН 37-ГОДИШЕН МАЖ И МАЛОЛЕТНА ДЕВОЈКА – МВР со детали

Полициски службеници од СВР Скопје привеле две лица на различни локации во главниот град, откако кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка.

Според информациите од полицијата, во текот на 13 и 14 август од слобода биле лишени А.Ј. (37) и 15-годишна девојка, двајцата од Скопје.

При полициските постапки кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

Од МВР информираат дека случаите дополнително ќе бидат документирани, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно законските процедури.