Сообраќајна несреќа се случила денеска во Врбас, Србија, при што според првичните информации има повредени лица.
Несреќата се случила во улицата „Иван Милутиновиќ“, а на местото веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош.
Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, едно од возилата претрпело сериозни оштетувања, особено во предниот дел.
Засега нема официјални информации за точниот број на повредени, ниту за тежината на нивните повреди.
Не се познати ниту околностите под кои дошло до несреќата.
Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот и официјалното соопштение од надлежните институции.








