ПРВ.мк
Црна Хроника

Огнен аларм во Скопје: Избувна пожар во близина на ПМФ!

Огнен аларм во Скопје: Избувна пожар во близина на ПМФ!

Попладнево избувна пожар во близина на парк-шумата Гази Баба во Скопје, во непосредна близина на Природно-математичкиот факултет.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пријавата за пожарот била примена во 19:15 часот преку Единствениот број за итни случаи 112. Огнот избувнал на отворен простор во близина на последната автобуска станица на линијата 16, каде што гори ниска вегетација и сува трева.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека противпожарните екипи веднаш биле испратени на терен и дека се очекува пожарот брзо да биде ставен под контрола.

Од ЦУК информираат дека Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш реагирала по пријавата и работи на локализирање и гаснење на огнот.

Засега нема информации за повредени лица или зафатени објекти, а надлежните внимателно ја следат состојбата за да спречат ширење на пожарот кон парк-шумата и околните површини.