Уште еден патнички воз излета од шините во Велика Британија, помалку од 24 часа по претходен железнички инцидент во кој беа повредени 20 лица.
Најновиот случај се случил во Есекс, во источна Англија, а според британски „Телеграф“, станува збор за воз составен од девет вагони.
Фотографиите од местото покажуваат дека композицијата излетала од шините и удрила во конструкција од надземната електрична мрежа, по што запрела.
Инцидентот се случува само неколку часа откако претставници на железничката индустрија уверувале дека железничкиот систем е безбеден за користење и за време на високите температури.
Претходно, во друг инцидент со воз што сообраќал на релацијата Лондон – Истборн, биле повредени 20 лица.
Засега во доставените информации нема податоци за евентуално повредени во најновиот случај во Есекс, ниту за точната причина поради која возот излетал од шините.







