ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Охрид – повредени двајца малолетници

Тешка сообраќајна несреќа во Охрид – повредени двајца малолетници

Двајца малолетници се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во Охрид, откако мопед излетал од коловозот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 24 јули во 00:35 часот на улицата „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид.

Како што соопшти полицијата, 15-годишен малолетник од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле и возачот и неговата 17-годишна сопатничка, исто така од Охрид. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Надлежните служби извршиле увид на местото на несреќата, а причините и околностите под кои дошло до излетувањето на мопедот се предмет на понатамошна истрага.