ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВ ПОЖАР И ПАНИКА ВО ПОПУЛАРЕН ДЕЛ ОД ГРЦИЈА – Интервенираат и авиони

НОВ ПОЖАР И ПАНИКА ВО ПОПУЛАРЕН ДЕЛ ОД ГРЦИЈА – Интервенираат и авиони

Нов пожар избувна денеска во западниот дел на Пелопонез во Грција, во регионот Варда и Илија, при што огнот зафатил површини со ниска вегетација.

Според информациите што ги пренесува „Катимерини“, во гаснењето се вклучени 20 пожарникари со седум противпожарни возила, како и три авиони кои дејствуваат од воздух.

Во акцијата помагаат и локалните власти, кои на терен испратиле цистерни со вода и градежна механизација со цел да се спречи ширењето на огнот.

Пожарникарските екипи продолжуваат со интервенцијата, додека надлежните внимателно ја следат состојбата поради зголемената опасност од нови пожари.

Западниот дел на Пелопонез во моментов е под високо предупредување за опасност од пожари, поради условите кои можат да придонесат огнот брзо да се прошири.

Засега нема информации за повредени лица или за причинета поголема материјална штета.