Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, постапувајќи по судска наредба, на 31.07.2026 година извршија претрес во камп приколка и припаѓачко дворно место во автокамп на охридското крајбрежје, при што е лишен од слобода 39-годишниот В.С. од Скопје.
При претресот се пронајдени и одземени шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со траги од марихуана и други предмети поврзани со кривичното дело. По целосно документирање на сите околности, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.










