Триесет и едногодишен скопјанец завршил во болница откако бил нападнат од повеќе лица во скопската населба Бит Пазар, при што едно од лицата, според првичните информации, употребило остар предмет. За нападот е осомничен малолетник, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил синоќа околу 23:35 часот. Повредениот Г.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани повреди нанесени со остар предмет.
Според информациите од МВР, настанот следувал по физички напад од повеќе лица, а во текот на пресметката еден од напаѓачите – малолетник – употребил остар предмет и му нанел повреди на 31-годишниот скопјанец.
Полицијата извршила увид и презема мерки за целосно расчистување на случајот, како и за утврдување на сите околности под кои дошло до нападот.
Од МВР засега не соопштуваат повеќе детали за мотивите, ниту за идентитетот на останатите лица кои учествувале во инцидентот. Истрагата продолжува.







