ПРВ.мк
Балкан

ТРАГЕДИЈА ВО СОСЕДСТВОТО: Полицаец ги убил зетот и 19-годишната внука, па еве како завршил!

ТРАГЕДИЈА ВО СОСЕДСТВОТО: Полицаец ги убил зетот и 19-годишната внука, па еве како завршил!

Тешко семејно злосторство денеска го потресе Велико Градиште во Србија. Според првичните информации, службеник на граничната полиција со пиштол ги убил својот зет и 19-годишната внука, по што си го одзел животот.

Пукањето се случило околу 13:30 часот во семејна куќа. Полицијата на местото затекнала три тела – двете жртви и напаѓачот.

Во нападот биле тешко повредени и две жени. Според информациите од болницата во Пожаревац, тие се здобиле со повреди во пределот на главата и биле префрлени на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Белград. Помладата жена била интубирана, додека постарата при приемот била свесна.

Според неофицијалните информации на српските медиуми, напаѓачот бил вработен во граничната полиција, а трагедијата наводно била поврзана со нерешени имотно-правни прашања. Сепак, точниот мотив сè уште не е официјално потврден.

Настанот бил откриен откако девојка која минувала со велосипед во близина на куќата забележала дека нешто не е во ред и го пријавила случајот. На местото се наоѓаат полициски екипи и обвинители од Вишото јавно обвинителство во Пожаревац, а увидот и истрагата продолжуваат.