ПРВ.мк
Балкан

Тело на 73-годишник пронајдено на поткровје, истрагата е во тек

Тело на 73-годишник пронајдено на поткровје, истрагата е во тек

Страшен случај ја потресе белградската населба Карабурма, каде на поткровје од станбена зграда било пронајдено телото на 73-годишен маж.

Според првичните информации, постојат сомнежи дека станува збор за убиство, а увид на местото извршиле припадници на полицијата и дежурен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград.

Неофицијално, телото на мажот било пронајдено на душек, со врзани раце зад грб. Истражните органи ја разгледуваат можноста мотив за злосторството да бил грабеж, бидејќи, според српските медиуми, жртвата неодамна продала стан за околу 180.000 евра.

По наредба на обвинителството, телото е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина, која треба да ги утврди точните причини и околностите на смртта. Истрагата е во тек.