На социјалните мрежи се појави вознемирувачка видео-снимка од Гостивар на која се гледа масовна тепачка меѓу група млади лица.
Според снимката, едно од момчињата паѓа на асфалтот по силен удар во главата и останува неподвижно. Во тие моменти, друго лице му приоѓа и продолжува да го удира со дрвена прачка, која се крши при нападот.
Околностите под кои дошло до инцидентот засега не се познати, а официјални информации за случајот сè уште нема.
Се очекува Министерството за внатрешни работи да излезе со повеќе детали и да соопшти дали се преземени мерки против учесниците во инцидентот.









