ПРВ.мк
Македонија

Рекордна фреквенција кон Грција – „Богородица“ и „Дојран“ преполни со возила

Рекордна фреквенција кон Грција – „Богородица“ и „Дојран“ преполни со возила

Повеќе од 17.000 патници ја напуштиле Македонија преку граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ во изминатите 24 часа, покажуваат најновите податоци на Министерството за внатрешни работи. Во истиот период, во земјава влегле околу 16.000 лица.

Зголемениот број возила предизвика километарски колони на двата гранични премини, а најголем метеж бил забележан кај „Дојран“, каде колоната се протегала низ Стар Дојран.

На „Богородица“ во Македонија влегле 5.864 македонски државјани, а излегле 5.948. Кај странските државјани се евидентирани 10.249 влезови и 11.648 излези.

На граничниот премин „Дојран“ регистрирани се 399 влезови и 1.104 излези на македонски државјани, додека кај странските државјани се евидентирани 1.295 влезови и 1.174 излези.

Од МВР соопштија дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички капацитети за да се овозможи побрз проток на патниците, при истовремено спроведување на редовните гранични контроли.