Драматична видео-снимка од Грција повторно ја отвори темата за разорните последици од шумските пожари, прикажувајќи огромни површини претворени во пепел и јагленисани дрвја.

Авторите на снимката испраќаат силна порака дека, доколку не се преземат посериозни мерки за заштита и обновување на шумите, тие би можеле да станат само спомен од минатото.

Во објавата е споделен и емотивен цитат што му се припишува на грчкиот нобеловец Јоргос Сеферис, како повик за поголема грижа кон природата и спречување на ваквите катастрофи.

Грција ова лето се соочува со една од најтешките сезони на шумски пожари во последните години. Огнената стихија уништи илјадници хектари шума, земјоделски површини и десетици домови, а животот го загубија најмалку петмина припадници на противпожарните служби, меѓу кои и двајца членови на екипаж на хеликоптер што се урна за време на интервенција кај Псата.











