ПРВ.мк
Македонија

УХМР предупредува: Доаѓаат 41 степен, а потоа нагла промена на времето

УХМР предупредува: Доаѓаат 41 степен, а потоа нагла промена на времето

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека сончевото и исклучително топло време ќе продолжи и во наредните денови, при што температурите на повеќе места ќе ја надминат границата од 40 степени Целзиусови.

Според прогнозата, најтопло ќе биде од среда, кога максималната дневна температура ќе достигне до 40 степени, додека за време на викендот се очекуваат и до 41 степен.

Од четврток па сè до крајот на седмицата, во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

И покрај можната нестабилност во делови од земјата, времето ќе остане претежно сончево и многу топло, па надлежните препорачуваат внимателност и заштита од високите температури.