Министерството за здравство соопшти дека во земјава нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска.
Според информациите, до Институтот за јавно здравје не се пријавени нови позитивни случаи, а резултатите од последните примероци земени од лица кај кои постоело сомнение за инфекцијата се негативни по извршеното PCR-тестирање.
Од Министерството додаваат дека на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска.
Надлежните институции посочуваат дека епидемиолошката состојба и понатаму внимателно се следи, а јавноста ќе биде навремено информирана доколку има нови промени.






