ПРВ.мк
Балкан

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Камион прегази 33-годишна девојка - ова се деталите!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Камион прегази 33-годишна девојка - ова се деталите!
Kristal

Синоќа, околу 23:20 часот, на автопатот А3 Брегана–Загреб–Липовац се случила тешка и морничава несреќа која го запрепастила целиот регион. Полицијата од Сисак соопшти дека во трагичниот настан животот го загубила 33-годишна жена, која била прегазена од камион додека се наоѓала на коловозот.

Според првичните информации, 28-годишен возач управувал камион со загрепски регистарски таблички, движeјќи се по десната сообраќајна лента во правец кон Загреб. Во еден момент, возачот удрил во пешачката, а ударот бил толку силен што телото на жената било одфрлено на левата лента, каде што починала на самото место.

Надлежните служби веднаш реагирале и го обезбедиле местото на трагедијата. Телото на жената било пренесено во Општата болница во Сисак, каде што ќе биде извршена обдукција за да се разјаснат сите детали околу случувањето.

Полицијата извршила детален увид и работи на официјален извештај кој ќе биде доставен до државното обвинителство, додека точните причини поради кои пешачката се нашла на автопатот сè уште се предмет на истрага.

FixCredit
Atensa 300
Escape