ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Жив запален: Синот на Украински политичар убиен во Виена!

(ВИДЕО) Жив запален: Синот на Украински политичар убиен во Виена!
Kristal

Во Виена е убиен 21-годишен украински студент, кој претходно бил пријавен за исчезнат од неговите родители. Телото на младиот човек било пронајдено околу 00:30 часот во виенски округ, по пријава за пожар во Мерцедес со украински регистарски таблички. Пожарникарите го откриле на задното седиште дури откако огнот бил изгаснат.

Истражувањата покажале дека местото на пожарот не било местото на убиството. Според анализа на последните часови од животот на жртвата, нападот се случил во подземната гаража на луксузниот хотел „Софител“, каде неколку лица го нападнале. Снимките од безбедносните камери ја потврдиле бруталноста на нападот, а телото имало сериозни повреди и обемни изгореници.

Австриската полиција, во соработка со украинските власти и Европол, уапсила двајца Украинци на возраст од 19 и 45 години. Првично се сомневале дека мотивот може да биде поврзан со таткото на жртвата, кој е заменик-градоначалник на Харков, но политички мотив бил исклучен. Истражителите се насочиле кон финансиски мотив: од крипто-паричникот на жртвата била подигната голема сума пари, а кај еден од осомничените биле пронајдени поголеми количества американски долари.

Полковникот Герхард Винклер од Виенската криминалистичка полиција објасни дека телото било запалено за да се прикријат доказите. Проценето е дека 80% од телото било изгорено, а причината за смртта можела да биде задушување или топлотен удар. Истражителите пронашле растопен резервоар со бензин и траги од катализатор во возилото, што им помогнало да го утврдат идентитетот на сторителите преку снимки од бензинска пумпа.

Двајцата осомничени побегнале во Украина, а Австрија нема да може да ги екстрадира, па случајот ќе се води пред украинското судство.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

FixCredit
Atensa 300
Escape