ПРВ.мк
Балкан

ГЕРМАНИЈА ПОД ПРИТИСОК: СНАБДУВАЊЕТО СО СУРОВИНИ СЕ ВЛОШУВА СЕКОЈ МЕСЕЦ

ГЕРМАНИЈА ПОД ПРИТИСОК: СНАБДУВАЊЕТО СО СУРОВИНИ СЕ ВЛОШУВА СЕКОЈ МЕСЕЦ
Kristal

Германската индустрија се соочува со сериозни проблеми во снабдувањето со суровини, а недостигот на чипови ја влошува веќе тешката состојба во производствениот сектор. Особено е критична ситуацијата во автомобилската индустрија, покажуваат податоците од Институтот за економски истражувања ИФО со седиште во Минхен.

Според неодамнешното истражување на ИФО, 11,2% од анкетирани компании пријавиле проблеми во набавката на суровини за производство, додека во октомври овој процент изнесувал само 5,5%.

Во автомобилската индустрија, проблемите се уште поизразени – 27,6% од компаниите пријавиле доцнења во снабдувањето со меѓупроизводи, додека во октомври тој удел бил под 1%.

И електронската и оптичката индустрија се соочуваат со сè поголеми тешкотии, со зголемен удел од 10,4% на 17,5%, додека производителите на електрична опрема пријавиле недостиг во 16% од случаите, што е пораст од 10% во претходниот месец.

Најтешката ситуација со снабдувањето во Германија беше во декември 2021 година, кога 81,9% од компаниите беа погодени од недостаток на материјали, потсетуваат од ИФО.

Недостигот на суровини и чипови ја доведува германската економија пред нови предизвици, а аналитичарите предупредуваат дека продолжувањето на овие проблеми може да има сериозни последици врз производството и снабдувањето во Европа.

FixCredit
Atensa 300
Escape