ПРВ.мк
Балкан

Албанија исплаќа новогодишен бонус за пензионерите: од 100 до 150 евра!

Албанија исплаќа новогодишен бонус за пензионерите: од 100 до 150 евра!
Kristal

Во Албанија од денеска започна исплатата на новогодишниот бонус за пензионерите, објави министерката за економија и иновации, Делина Ибрахимај, на својот Фејсбук профил.

„Од денеска почна исплатата на новогодишниот бонус во износ од 100 до 150 евра. Овој бонус е заслужена поддршка за над 760 илјади корисници. Од нив, 541 илјада пензионери кои примаат до 200 евра месечно ќе добијат по 150 евра, додека 221 илјада пензионери со примања над 200 евра ќе добијат по 100 евра“, напиша Ибрахимај.

За таа намена, владата издвои 97 милиони евра. Новогодишниот бонус е продолжение на мерките од минатата година, кога пензионерите добија идентичен износ, а претходно во пролетта беа исплатени бонуси од 50 и 100 евра.

FixCredit
Atensa 300
Escape