Во источниот авганистански град Хост се случи пострашна сцена која го шокираше светот. Илјадници луѓе се собраа на градскиот стадион за да ја видат јавната егзекуција на човек кој оваа година брутално ги уби 13 членови на сопственото пошироко семејство. Талибанските власти ја изведоа казната јавно, нагласувајќи дека е спроведена „според шеријатскиот закон“.
Според полициските информации, меѓу присутните бил и еден од блиските роднини – човекот кој лично ја извршил смртната пресуда. На семејството му била понудена можност за простување што ќе го спаси животот на осудениот, но тие барале егзекуцијата да се спроведе до крај.
Судските документи ја опишуваат трагедијата што се случила: осудениот влегол во домот на своето пошироко семејство и ги застрелал сите 13 присутни – меѓу нив 9 деца и нивната мајка. По постапката, смртната пресуда ја потврдил Врховниот суд, а конечна одобрение дал врховниот лидер на Авганистан, Хибатула Ахунџада.
Оваа јавна егзекуција е уште една во низата што ја обележува политиката на Талибанците по преземањето на власта во 2021 година. Според податоците на Врховниот суд, ова е 11-та егзекуција спроведена пред публика. Овој модел потсетува на строгите практики од 1990-тите, кога јавните казни – камшикување, каменување и стрелање – биле редовна појава.
Паралелно со враќањето на ваквите практики, Талибанците воведоа и нови рестрикции што ги исклучуваат жените и девојчињата од образованието и најголем дел од работните места, дополнително затворајќи го општеството под „строго толкување на шеријатот“.
Ричард Бенет, специјален известувач на Обединетите нации за Авганистан, остро реагираше – јавните егзекуции ги оцени како „нехумани, сурови и спротивни на меѓународното право“, барајќи нивно итно запирање.
Сцената од Хост уште еднаш ја отвора болната дилема за човечките права во Авганистан, додека светот со ужас гледа како се враќаат методи кои многумина ги сметале за оставени во минатото.

















