ПРВ.мк
Свет

НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: Трамп го запре бомбардирањето на Иран - но еве со што им се закани!

НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: Трамп го запре бомбардирањето на Иран - но еве со што им се закани!

  Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „остави простор“ за преговори, појасни во неделата американскиот амбасадор во Обединетите нации, по што Иран најави дека исто така нема да напаѓа сè додека тоа не го прават САД.„Остава простор за преговори“, изјави Мајк Волц за „Фокс њуз“, зборувајќи за одлуката на Трамп, но не откри дополнителни детали за природата на тие разговори, објави 4news.mk Меѓу Иран и САД во текот на викендот беше забележано затишје во конфликтот.

Пентагон го паузираше бомбардирањето по тринаесет ноќи на сè поинтензивни напади, а во последните два дена немаше извештаи ниту за ирански напади врз соседните земји.Неименуван висок претставник на администрацијата на Трамп во саботата за „Ројтерс“ изјавил дека американскиот претседател секогаш јасно покажува дека „ѝ дава предност на дипломатијата“, но исто така на Исламската Република ѝ покажува „што ќе се случи доколку сериозно не пристапи кон преговарачката маса“.Иран ги прекинува нападите додека тоа го прават и САД.

Извор од Иран во неделата соопштил дека и Техеран ги прекинува нападите сè додека тоа го прават и САД.„Пристапот на Иран останува ‘напад за напад’: ако нападите престанат, Иран исто така ќе ги прекине своите операции. Таа порака веќе им е пренесена на Соединетите Американски Држави“, изјавил изворот за „Ројтерс“.Сепак, истиот извор нагласил дека „има повеќе скептицизам отколку оптимизам околу прекинот на нападите“ и дека „преовладува ставот дека станува збор за тактичка пауза, а не за вистинско примирје“.