Во Општата болница во Врање се случил настан кој ги изненадил и загрижил вработените, откако медицинскиот персонал ја пронашол пациентката која требало да биде на кислород во тоалетот заедно со друг пациент.
Од Здравствениот дом велат дека станува збор за „несакан настан“, за кој нема директни сведоци на сексуален чин, но предизвикал загриженост кај медицинските сестри. Тие ја барале пациентката бидејќи не била во својата соба, и ја пријавиле ситуацијата веднаш штом ја пронашле.
„Нашиот персонал постојано се грижи за пациентите и ја евидентира секоја појава што може да претставува загриженост. Најважно ни е здравјето на пациентите да биде добро“, соопштија од Здравствениот дом.
Според српските медиуми, пациентката не била сама, туку во друштво на друг хоспитализиран пациент, што ја направило ситуацијата непријатна и несекојдневна за персоналот.