ПРВ.мк
Свет

(Видео) Пекол во Турција: Огромни пожари уништуваат домови, стотици луѓе евакуирани

(Видео) Пекол во Турција: Огромни пожари уништуваат домови, стотици луѓе евакуирани

Турција се соочува со катастрофални шумски пожари кои со денови беснеат во округот Којџегиз, провинција Мугла. Огнот, поттикнат од силни ветрови, брзо се шири и предизвикува масовни евакуации.

Во акцијата за гаснење се ангажирани речиси илјада пожарникари, 147 цистерни, 123 возила, 20 машини, како и 10 авиони и 14 хеликоптери. Досега се евакуирани најмалку 230 семејства, уништени се две згради, а 20 лица се повредени, од кои едно е во болница.

Во меѓувреме, пожарите во округот Аксу во Анталија се ставени под контрола, но туристи од повеќе хотели биле извлечени, а околу 150 домови во близина на Аланија морале да бидат евакуирани.

Властите апелираат на претпазливост и потсетуваат дека поради топлото време и силниот ветер ситуацијата може дополнително да се влоши.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Escape