ПРВ.мк
Македонија

Службените возила со ГПС и специјални таблици – власта ветува крај на злоупотребите

Службените возила со ГПС и специјални таблици – власта ветува крај на злоупотребите

Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ најави дека сите службени возила ќе добијат ГПС уреди и специјални регистарски таблички за поголема контрола и транспарентност. На гостувањето во „Тема на денот“ на Сител, тој истакна дека граѓаните ќе можат полесно да ги препознаваат службените возила и да пријават евентуални злоупотреби.

Томовски посочи дека во државна сопственост има околу 7.500 возила, но според него, за нормално функционирање се потребни најмногу 2.000. Голем дел од возилата се вон употреба и ќе бидат продадени веднаш по изборите.

Формирана е работна група на МВР и СОЗР која ќе разгледува измени на регулативата со цел воведување казни за злоупотреба на службените автомобили. До крајот на годината се очекува да се заврши регистарот на сите возила во сопственост на државата, по што ќе започне и поставувањето на ГПС-уреди.

„Со оваа одлука сакаме максимално да ги искорениме злоупотребите на возилата и да обезбедиме транспарентност и доверба кај граѓаните“, порача Томовски.

Escape