ПРВ.мк
Македонија

Македонците први со бесплатен роаминг во ЕУ – Владата ветува нула трошоци

Македонците први со бесплатен роаминг во ЕУ – Владата ветува нула трошоци

Македонија ќе биде подготвена до декември за укинување на трошоците за роаминг во ЕУ, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој истакна дека земјава до крајот на 2025 ќе ги исполни сите услови на Унијата, додека останатите држави од Западен Балкан сè уште каснат.

„Очекувам наредната година ние да бидеме први што ќе го потпишеме договорот за роаминг со нула трошоци за граѓаните. Овој пат секоја држава ќе се приклучува самостојно, а ние ќе бидеме подготвени до јануари“, рече Андоновски.

Прашањето ќе биде отворено на „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025“, кој за десетина дена ќе се одржи во Скопје. На настанот ќе присуствуваат над 800 учесници, а темите ќе опфатат побрза дигитализација на јавните услуги, посилна заштита на личните податоци, дигитален паричник и унапредување на дигиталните вештини.

Escape