ПРВ.мк
Свет

Америка повторно ја оживува смртната казна: Флорида со рекордно 12-то погубување годинава

Америка повторно ја оживува смртната казна: Флорида со рекордно 12-то погубување годинава

Во САД, смртната казна се враќа со невидена жестина – државата Флорида изврши рекордно 12-то погубување годинава, повеќе од која било друга федерална единица.

Последниот егзекутиран е Дејвид Питман (63), осуден во 1991 година за убиство на сестрата и родителите на својата сопруга, со која бил во разводна постапка. По бруталниот чин, Питман ја запалил нивната куќа и бил прогласен виновен и за подметнување пожар и тешка кражба.

Погубувањето беше извршено со смртоносна инјекција во затворот Старк, откако гувернерот Рон ДеСантис лично ја потпиша пресудата.

Со ова, ДеСантис стана гувернер кој потпишал најмногу смртни пресуди во историјата на Флорида, што уште повеќе ја разгорува дебатата околу враќањето на смртната казна како „нормална практика“ во американскиот правосуден систем.

Случајот предизвикува силни реакции – за едни, тоа е „правда за жртвите“, а за други – „враќање чекор назад во цивилизацискиот развој“.

Escape