ПРВ.мк
Македонија

Вечерва драматична спасувачка акција

Вечерва драматична спасувачка акција

Попладнево на планинскиот пат над село Јеловце, општина Врапчиште, теренско возило излетало од патот, при што едно лице се здобило со тешки повреди. Трите сопатници, меѓу кои и доктор, веднаш пријавиле на 112 и побарале помош.

Полицискиот хеликоптер, кој штотуку слетал по гаснење пожар на планината Кожув, беше веднаш пренасочен кон местото на несреќата. Повреденото лице е брзо пренесено во Клиничкиот центар во Скопје, а ЦУК изрази голема благодарност до МВР и пилотите за брзата и успешна интервенција.

Escape