ПРВ.мк
Балкан

Од јануари над 650 евра минималец – еве како ќе изгледа животот со новата плата

Од јануари над 650 евра минималец – еве како ќе изгледа животот со новата плата

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека од 1 јануари 2026 година минималната плата ќе се зголеми за 10,1 проценти, со што кумулативниот раст ќе надмине 30 проценти.

„За прв пат во историјата на Србија, минималната плата ќе ја покрие потрошувачката кошничка не само целосно, туку и со 111 проценти. Ова значи полесен живот за граѓаните“, изјави Вучиќ.

Министерот за финансии Синиша Мали дополни дека до крајот на 2027 година минималецот ќе достигне 650 евра, согласно претходно дадените ветувања.

Escape