ПРВ.мк
Балкан

Пукање кај домот на Мирослав Илиќ: Шест повредени во престрелка – пејачот во шок проговори!

Пукање кај домот на Мирослав Илиќ: Шест повредени во престрелка – пејачот во шок проговори!

Во текот на попладневните часови на 30 септември, тешок вооружен инцидент ја потресе белградската населба Вишничка бања, само неколку стотици метри од домот на познатиот пејач Мирослав Илиќ.

Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи на Србија, околу 14:23 часот, во угостителски објект во населбата избувнала жестока тепачка која брзо ескалирала во пукање со огнено оружје. Во престрелката се повредени шест лица, од кои тројца се со прострелни рани.

Погодени се:

  • В. Д. (51 години)
  • М. Љ. (42 години)
  • А. О. (59 години)

Покрај нив, со повреди се здобиле и:

  • Н. Н. (33 години)
  • Л. Д. (29 години)

Петтемина се пренесени во Ургентниот центар со повреди во пределот на телото и нозете. Шестиот повреден, според неофицијални информации, е во полесна состојба.

Мирослав Илиќ, чиј дом се наоѓа на само 300 метри од местото на инцидентот, кусо се огласи за медиумите, истакнувајќи дека е изненаден и вознемирен:

„Сочувај Боже што се случува. Живеам во мирен крај и не сакам ниту да гледам вести ниту да знам повеќе за тоа,“ изјави пејачот за српскиот „Телеграф“.

На местото на инцидентот се уште се присутни форензичари, кои собираат докази, додека полицијата спроведува интензивна истрага. Во тек е и акцијата „Вихор 3“, насочена кон целосно расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителот или сторителите.

Escape