Утрово на социјалните мрежи се појавија фотографии од планинските врвови во Србија и соседството, кои го бележат првиот снег за оваа сезона, објави 4NEWS.mk. На Голија е забележана обилна лапавица, а снежни врнежи има и на Копаоник. Во Босна и Херцеговина, првиот снег падна на падините на Бјелашница.
Според најавите на Републичкиот хидрометеоролошки завод, во четврток и петок се очекува формирање на снежна покривка во ридските и планинските предели на јужна и источна Србија. На некои планини се прогнозираат врнежи од 25 до 50 сантиметри снег во рок од 48 часа.
Поради најавените обилни врнежи од дожд и снег, како и можност за мраз, на сила се „жолти“, „портокалови“ и „црвени“ метеоаларми за различни делови од регионот.