ПРВ.мк
Балкан

Паника во Белград: Масовно пукање на неколку чекори од домот на Мирослав Илиќ

Паника во Белград: Масовно пукање на неколку чекори од домот на Мирослав Илиќ

Белград е потресен од ново крваво пукање – пет лица завршија со тешки повреди, а една жена се бори за живот, откако вооружени напаѓачи отвориле оган во населбата Вишњичка бања. Настанот се случил на само 300 метри од куќата на легендарниот пејач Мирослав Илиќ.

„Живеам во мирен крај, сочувај Боже што се случува. Не сум гледал вести и не сакам да знам,“ изјави пејачот видно потресен по трагедијата.

Според информациите на „Блиц“, на инцидентот му претходела жестока тепачка, а потоа од бело комбе излегле неколку вооружени лица кои почнале да пукаат кон толпата.

Полицијата е во потрага по сторителите, а Белград повторно е сведок на сцени кои го разнишуваат чувството на безбедност кај граѓаните.

Escape