Мега-дуелот меѓу Вардар и Пелистер заврши со драматичен инцидент поради однесувањето на навивачите. „Чкембари“ фрлија запален факел кон соседната трибина, по што битолчани беа отстранети од салата.
По завршувањето на мечот, гостинските ракометари беа нападнати додека се движеле кон соблекувалните. Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат и мешаница во која се вклучени ракометарите на Пелистер и неколку други лица, за кои не е јасно дали се дел од обезбедувањето или членови на навивачката група „Комити“.
Инцидентот предизвика реакции за осуда, особено во време кога ракометот е спорт број 1 во државата, а ваквите несакани епизоди не користат никому.
Видео: