ПРВ.мк
Свет

Најголем пад од 2003 година: Шок во менувачницита, оваа валута продолжува да тоне!

Најголем пад од 2003 година: Шок во менувачницита, оваа валута продолжува да тоне!

Американскиот долар доживеа драматичен пад откако Конгресот во САД не успеа да постигне договор за привремен буџет, што доведе до затворање на федералната влада. Индексот на доларот, кој ја мери неговата вредност во однос на шест клучни светски валути, се спушти на 97,19 поени – бележејќи над 10% загуба од почетокот на 2025 година.

Ова претставува најголем пад на доларот од 2003 година, кога неговата вредност ослабе за речиси 15%. Финансиските аналитичари предупредуваат дека ваквиот тренд може да има сериозни последици за глобалните пазари, менувачниците и стабилноста на меѓународната трговија, со оглед на тоа што доларот е доминантна резервна валута во светот.

Доколку политичката криза во Вашингтон продолжи, експертите стравуваат дека довербата во американската валута дополнително ќе се разниша, отворајќи простор за јакнење на еврото, јенот и другите конкурентни валути.

Escape